На синоќешната средба во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција е столб на стабилност на Балканот и сигирен партнер во Источен Медитеран.
Бајден се заблагодари на Мицотакис за моралната поддршка што Грција ја дава на Украина во отпорот против руската агресија.
-Ние сега сме соочени со обединет предизвик со руската инвазија на Украина, изјави Мицотакис.
Додаде дека грчко-американските односи се на највисоко можно ниво.
-Не зборувам само за одбранбениот дел, туку и за (американските) инвестиции и за улогата на Грција како сигурен партнер во регионот на Источен Медитеран, како земја која ја надмина финасиската криза со економијата во подем и како столб на стабилностa на Балканот и во поширокиот регион.
Претседателот на САД организира прием во чест на одбележувањеto на 201 годишнината од почетокот на војната за независност на Грција.
Мицотакис претходно изјави дека 200 годишнината на овој најважен празник за Грција требаше да се одбележи лани, но поради Ковид-19 настаните беа одложени за годинава.
Извор: МИА