Македонка загина на работното место во Данска

Од:

Дваесетидвегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска.

Според полицијата, таа работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случил инцидент со машината за чистење.

Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.

„Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци“, објаснува Торбен Витендорф, од полицијата.

Според данските медиуми, рoднините на девојката се веќе известени.

Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва