Италијанската полиција спречила напади на проруски хакери за време на Евросонг

Од:

Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10. мај и вчерашното финале на Евровизија во Торино. Полицијата соопшти дека ублажила неколку сајбер напади на хакерската група Килнет врз мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапот на натпреварувачите.

Килнет на 11. мај објави дека нападнала веб-страници на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот, Горниот дом на италијанскиот парламент и Националниот институт за здравство (ISS), објави новинската агенција АНСА. Откако Русија ја нападна Украина на 24. февруари, многу западни влади го подигнаа нивото на тревога поради можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Украинската група Калуш Оркестар победи на Евровизија, со бран поддршка од јавноста, а победата ја поздрави и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија