Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски информираат од партијата.
– Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог-листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки се вели во соопштението од НСДП.