Надал: Јас не сум повреден спортист, туку спортист кој постојано живее со повреди

Од:

Освојувачот на рекордни 21 гренд слем титули Рафаел Надал зборуваше за нивото на болка со кое ја продолжува својата кариера, откако вчера беше елиминиран од Мастерсот во Рим по три сета од Денис Шаповалов.

„Се врати болката и многу е голема. Не сум повреден. Јас сум спортист кој живее со повреда, така што тоа не е ништо ново. Тоа е постојана ситуација за мене. Да бидам искрен, секојдневието е тешко и понекогаш ми е тешко да ја прифатам таа ситуација. Не можам да играм без средства против болки, бидејќи воопшто не би можел да играм. Болката ти ја прекинува среќата“, вели Надал.

Повредата доаѓа многу блиску пред Ролан Гарос, кој стартува на 22 мај и Шпанецот признава дека болката еден ден ќе го натера да се пензионира.

„Можам да замислам дека ќе дојде време кога главата ќе каже: ‘Доста е’. Поради болката немаш среќа, не само во тенисот, туку и во животот. И проблемот е што многу денови живеам со голема болка. Што ќе се случи за една или за повеќе недели, навистина не знам“, признава 35-годишниот ветеран.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал