Мицотакис в понеделиник и вторник во официјална посета на САД

Од:

Меѓународните и регионалните теми, турските провокации, билатералните прашања во рамките на стретешките партнерски односи Грција- САД, руската инвазија во Украина, енергетиката, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, се очекува да бидат темите за кои премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис ќе разговара со претседателот на САД Џо Бајден на нивата средба в понеделник, јави дописничката на МИА од Атна.

Мицотакис ќе биде во официјална посета на Вашингтон, а освен средбата со Бајден, ќе има и обраќање во Конгресот.

На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому рече дека посетата е „во особено критичен момент и го докажува високото ниво на односи меѓу двете земји, како и високиот углед што земјата го ужива како резултат на политиките што Владата ги разви од почетокот на нејзиниот мандат“.

-Посетата на премиерот на Белата куќа, која е втора во мандатот на Кирјакос Мицотакис, ќе има национален, геополитички, но и историски отпечаток на односите меѓу двете земји и положбата на Грција во современиот свет, рече Иконому.

За обраќањето на Мицотакис во Конгресот, портпаролот на грчката Влада истакна дека станува збор за „почесна покана што се упатува на странски лидери во екстремно ретки случаи“.

-Во САД, премиерот ќе зборува со претседателот Бајден и ќе се обрати во Конгресот, како што самиот нагласи, не само во име на Грција, туку како претставник на хеленизмот. Ќе зборува како премиер на земја која има самодоверба и е кредибилен сојузник и фактор на безбедноста и стабилноста на Балканот, во Медитеранот и Југоисточниот Медитеран, истакна Иконому.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран