Ердоган: Турција нема „позитивно мислење“ за влез на Финска и Шведска во НАТО

Од:

Турција внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но нема позитивно мислење за тоа, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

– Турција нема позитивно да го поздрави приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО алијансата, нагласи Ердоган, оквалификувајќи ја иницијативата како грешка.

-Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, изјави Ердоган по петочната молитва во Истанбул, јавија турските медиуми.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, кој беше објавен во четвртокот, и очекувањата дека Шведска ќе го следи, ќе доведе до проширување на западната воена алијанса што рускиот претседател Владимир Путин имаше за цел да го спречи.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок na PPK-YPG додека се спротивстави на прекуграничните операции на Турција против терористичката група во северна Сирија.

Турција традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за натамошно проширување. Сепак, Анкара задржа неутрална позиција во украинската криза и ја презеде улогата на посредник одржувајќи канали за комуникација со двете завојувани страни.

Од почетокот на конфликтот, Анкара понуди да посредува меѓу двете страни и да биде домаќин на мировните преговори, нагласувајќи ја својата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година