(ВИДЕО) Стоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери

Од:

„Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власта, недостојно за Собрание на Република Македонија! Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?

Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?

Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување

Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата! Сето ова е само причина за негова неотповиклива оставка!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски