Борел најави дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел при пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-7 најави дополнителни 500 милиони евра помош за Украина преку Европскиот мировен механизам за купување тешко оружје, тенкови и артилерија.

– Ова е седма средба на министрите за надворешни работи на Г-7 од почетокот на кризата во Украина. Рецептот останува ист, поголема поддршка за Украина, вклучително и воена, истакна Борел.

Тој додаде дека со дополнителните 500 милиони евра, помошта за Украина достигна до две милијарди евра.

Борел ја повика Г7 да го засили притисокот врз Русија, да воведе нови санкции, да се обиде да ја изолира на светската сцена и „да создаде обединет фронт за поддршка на Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го напднаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ