СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чинат 55.000 евра месечно, да ги вратат парите назад

Од:

„Неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чини над 55.000 евра месечно. За основните плати на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци, исто така врз грбот на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Наместо да ги заработат овие 55.000 евра месечно тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, се надвикуваат, покажуваат нервоза и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат.

Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.

Кога веќе решиле намерно да не работат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, патни трошоци и мобилни телефони.

Над 55.000 евра месечно во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ги надминува блокадите и ќе ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ