СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието

Од:

„Два дена им беа доволни на граѓаните да видат дека не успеа блокадата на Собранието. Пропаднаа обидите за деструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ништо не се постигна, освен што се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред. Два дена се потрошија на бесмислени предлози, но сепак дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа“, соопшти СДСМ.

„Таков е Законот за Финансиска стабилност во кој се прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и прифатено е нивното барање истиот да се разгледува во погорните точки на дневен ред, но и за нивниот прифатлив предлог гласаа против дневниот ред.

Гласаа против и за Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, затоа што нивните заложби се декларативни.

Тоа е дефиниција за лицемерие, а лицимерие е второто име на ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде фукционално и да носи решенија во интерес на граѓаните.

Блокадите по налог на Христијан Мицкоски повторно ќе бидат поразени. СДСМ работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од опозицијата и сите потребни законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата ќе бидат донесени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување