Париз бара итно ослободување на двајца Французи уапсени во Иран

Од:

Француското Министерство за надворешни работи денеска побара итно ослободување на двајца француски државјани, кои се приведени во Иран.

Француската Влада го осудува ова неосновано апсење. Бараме итно ослободување на овие двајца француски државјани, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Иранското Министерство за разузнавање вчера објави дека двајца „Европејци“ се уапсени под обвинение дека сакале да ја „дестабилизираат земјата“.

– Двајцата уапсени се обвинети дека во соработка со странски разузнавачки служби организирале хаос и социјални немири со цел да се дестабилизира Иран, објави иранската државна телевизија, цитирајќи го Министерство за разузнавање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран