ВМРО-ДПМНЕ: Центар нека тужи за „Скопје 2014“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Општина Центар посветена на ревизијата на проектот „Скопје 2014“.

„Оваа алиби прес-конференција базирана на полувистини, невистини и манипулации и поткрепена со општи и нејасни, пред сè, политички формулации без правна основа и тежина, за ВМРО-ДПМНЕ беше очекувана уште од првиот ден. Не само затоа што комисијата ја води нереализиран политичар како Слаѓана Тасева која е прва во македонската историја што се обиде, но не успеа да собере потписи за претседателски кандидат, ниту, пак, затоа што ова е само начин опозицијата да најде причина да им плати хонорари на Тасева и на Драган Малиновски и на општинска сметка да поминат половина година за нивните услуги во јавните настапи критички кон ВМРО-ДПМНЕ, туку, пред сè, затоа што сите проекти во општината се законски и транспарентни, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека од свои извори во општината дознале дека комисијата се изнамачила да формира заклучоци кој ќе звучат негативно за проектот, а притоа да нема да има можност оние кои ги искажуваат обвиненијата да бидат тужени за клевета.
„Затоа е прибегнато кон општи и чисто политички заклучоци и фрази, без правна поткрепеност. Како и да е, подготвени се и институциите и партијата и поединци кои работеа на проектот да одговараат поединечно за сите точки наведени на пресот, колку и да се тие општи и политички и тоа ќе го направат за кратко. Ако имаше нешто незаконско веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играа оро на чело со Бранко Црвенковски, а вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откога не најдоа ништо незаконски, излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот. Колку само апсурдна беше нивната прес-конференција покажуваат и целиот куп на гафови и глупости кои ги кажаа од типот дека „не смеело да се градат мостови“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и ја повикуваат општина Центар веднаш да поднесе пријави.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски