ЕК: Рано е да се шпекулира дали Русија ќе се меша во зачленувањето на Финска во НАТО

Од:

Европската комисија смета дека е прерано да се зборува за тоа како Русија ќе реагира на процесот на зачленување на Финска и Шведска во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Финска и Шведска се подготвуваат во следните денови официјално да аплицираат за членство во НАТО, процес кој би требало да се одвива брзо и лесно, поради високиот степен за усогласеност и интероперабилност на овие две земји со Северноатлантската алијанса.

Но во тој период Хелсинки и Стокхолм стравуваат од можно мешање од страна на Москва како сајбер или хибридни напади.

На новинарско прашање како би се поставила Европската Унија во случај на таков напад пред полноправно членство во НАТО, портпаролката за надворешни работи, Набила Масрали, изјави дека е рано да се каже.

-Ова е хипотетичко прашање и премногу е рано да се одговори, рече кусо таа.

Масрали изјави дека одлуката за зачленување во НАТО е суверена одлука на земјата кандидат и на 30-те земји членки на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија