Газпром: За еден ден третина помало количество руски гас мина преку Украина

Од:

Количеството руски гас што преку Украина оди кон Европа, денеска ќе биде помалку за речиси една третина во однос на претходниот ден, соопшти рускиот гигант Газпром, поради тоа што снабдувањето втор ден по ред е погодено од војната во земјата.

Околу 50.6 милиони кубни метри гас треба денеска да протече преку станицата Судја во однос на 72 милиони кубни метри, колку што мина минатата недела, наведува Газпром, јавија руски медиуми.

Украина два дена по ред соопштува дека не може веќе да пренесува гас преку поставување станица близу Сохранивка во регионот Луганск, поради присуство на руските сили. Затоа, се смалувало снабдувањето. Москва тврди оти не може да се зголеми обемот преку друг гасовод.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина