СДСМ: Нема бесплатен превоз, a во Шуто Оризари и воопшто нема превоз, Арсовска ги заборави граѓаните

Од:

„Нема ден, а на површина да не излезе неспособноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Три месеци Градот Скопје предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, им нема платено на приватните автобуски превозници и затоа од денеска тие повеќе не сообраќаат на редовните линии“, соопшти СДСМ.

„Со ваквиот прекин, сериозно е редуциран редовниот возен ред на јавниот превоз, но уште пострашно е што цели населени места од денеска се без јавен превоз. Општина Шуто оризари од денеска е отсечена од јавниот превоз затоа што линиите „19“ и „20“ во најголем дел се опслужувани од приватните превозници.

Арсовска пред изборите ветуваше бесплатен автобуски превоз, 250 нови еколошки автобуси и се откажа од 70 милиони евра за проектот „Бас рапид транзит“. Сега се гледа дека таа не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз, толку од нејзините менаџерски способности со кои ги лажеше граѓаните

Јавното сообраќајно претпријатие е без директор, откако последниот директор поставен од Данела си замина од функцијата. Шест месеци мандат на Данела се шест месеци на неспособност, на прекинати претходно започнати проекти, на оставки на директори, на груба партизација на градската администрација.

Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, и најголемо разочарување за скопјани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милјарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството