Средба Грковска – Кирс: Податоците кои се однесуваат на трошењето на јавните средства мора да бидат јавни

Од:

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во рамките на дигиталната конференција „E-governance“ што се одржува во Талин, Естонија, се сретна со надворешниот соработник на естонскиот Инспекторат за заштита на податоци Марја Кирс, со која разговараа за значењето на транспарентноста во општеството и потребата за објавување на сите податоци, особено на оние што се поврзани со трошењето на јавните средства.

Вицепремиерката Грковска оцени дека Република Северна Македонија има постигнато значаен напредок во делот на транспарентноста и нагласи дека Владата и нејзиниот Kабинет преземаат дополнителни мерки кои ќе обезбeдат значително зголемување на транспарентноста, информира Владата.

Сите државни институции во Естонија, информираше Кирс, имаат обврска на своите страници да ги објавуваат сите податоци, освен оние за кои има рестрикција. Секако, нагласи таа, не може да се забрани пристап до документ кој се однесува на јавните средства. Тенденцијата е овие рестрикции да бидат сведени на најниско можно ниво, а на секои пет години секој основ за ограничување на објавувањето на податоците се преиспитува.

Заменичката на претседателот на Владата Грковска нагласи дека Владата ги задолжи сите институции на своите веб-страници да објавуваат податоци за јавните набавки, со цел граѓаните, невладиниот сектор и медиумите да имаат полесен преглед на тоа како се трошат јавните средства.

На состанокот стана збор и за концептот на естонскиот Закон за јавни информации, како и за надлежнoстите на Агенцијата за заштита на податоците, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски