Трилатерална министерска средба Грција – Бугарија – Романија во Атина

Од:

Војната во Украина, енергетската криза, Западен Балкан и неговата европска перспектива, мигрантското прашање, ситуацијата во источниот Медитеран и односите со Турција, според грчкото МНР, ќе бидат темите за кои ќе разговараат алтернативниот министер за надворешни работи на Грција и замениците шефови на дипломатиите на Бугарија и Романија, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина денеска ќе биде домаќин на трилатералната средба Грција – Бугарија – Романија, што се одржува на иницијатива на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, кој е одговорен за европски прашања.

На трилатералната средба ќе учествуваат заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Васил Георгиев и заменик- министерката за надворешни работи за европски прашања на Романија Даниела Григоре Гитман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната