Австрија продолжува уште половина година со контроли на границите кон Словенија и кон Унгарија

Од:

Австрија од полноќ за најмалку половина година ги продолжува граничните контроли кон Словенија и Унгарија. Станува збор за контроли воведени за време на мигрантскиот бран во 2015 година, а указот за продолжување го донесе министерот за внатрешни работи Герхард Карнер и стапува на сила од полноќ, а важи до 11 ноември.

Како причина за продолжување на граничната контрола во Шенген зоната, Австрија ја наведе секундарната миграција, која вклучува трансфер на бегалци од една во друга земја на ЕУ, како и заштита на надворешните граници на ЕУ. Дополнително, Виена тврди дека постои опасност од тероризам и организиран криминал.

„Предизвиците за внатрешната безбедност на Европа се големи поради моменталната ситуација. Посебно поради војната во Украина, трговијата со луѓе е во пораст и затоа ни е потребна силна заштита на надворешната граница“, се наведува во образложението испратено до Европската комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген