Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75 проценти

Од:

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одлучи да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 1,75% информираат од Народната бакна.

– При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка се вели во соопштението од НБ.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Движењата кај домашната инфлација се во согласност и со глобалната инфлација, вклучително и со инфлацијата во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде што просечната инфлација за април е околу 11%.

Во однос на движењата во реалната економија, во 2021 година беше остварен реален економски раст од 4%, во рамките на очекувањата. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2022 година упатуваат на натамошен раст на домашната економија во овој период. Но, со воената ескалација помеѓу Русија и Украина од крајот на февруари, дополнително се влошија веќе нарушените глобални синџири на снабдување и пазарот на енергија, како и довербата на економските субјекти. Ова придонесе за влошување на очекувањата за раст на глобалната, а пред сѐ на европската економија, што неповолно делува врз економските изгледи и врз динамиката на закрепнување на домашната економија за оваа и за следната година, односно растот би бил понизок од очекувањата.

Најновите оцени за основните макроекономски параметри упатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија. Оттука, неопходни се претпазливи макроекономски политики коишто ќе бидат целни, заради ублажување на ефектите од кризата, но водејќи сметка за инфлациските притисоци. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици и соодветно ќе реагира заради постепена нормализација на монетарната политика.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on