Ја прегазил со огромна брзина и избегал – страшна несреќа ја потресе Виница

Од:

Несовесен возач со огромна брзина удрил во пешак и избегал, пренесува Канал 5. Според информациите на телевизијата, несреќата се случила ноќеска околу 40 минути по полноќ, пред влезот на Виница, близу комплексот од угостителски објекти.

Случајните минувачи кои биле сведоци на несреќата раскажале дека непознат возач со автомобил со голема брзина удрил во 58 годишната В.М. од виничко Лаки. Очевидците не можеле да ја утврдат регистрацијата и марката на автомобилот бидејќи било премногу темно, пренесува Канал 5.

Жената се струполила на улицата, а возачот ја зголемил брзината и избегал од местото на несреќата. Женатата веднаш била пренесена во кочанскиот Здравствен дом, а од таму, поради тешките телесни повреди, била пренесена на скопските Клиники. Полицијата трага по несовесниот возач.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип