Акар: Ја спроведуваме Конвенцијата од Монтре за премин на воени бродови низ Босфорот

Од:

Ниту еден воен брод од држава што не е во црноморскиот регион, нема поминато низ Босфорот од почетокот на украинската криза, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

– Во согласност со Конвенцијата од Монтре, ги информиравме сите земји, во никој случај да не ги испраќаат своите воени бродови низ Босфорот, до денеска нема таков премин, подвлече тој во интервју за ТВ каналот Хабертурк.

Министерот истакна дека официјална Анкара јасно и недвосмислено побарала сите држави да се држат до Конвенцијата од Монтре, со цел да се обезбедат мирот и стабилноста во регионот.

– Продолжуваме да се држиме до принципиелниот став за обезбедување мир и стабилност во регионот на Црното Море. Се противиме басенот на Црното Море да стане арена на ривалство, нагласи Акар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ