Маричиќ-Маровиќ: Црна Гора е наш значаен регионален партнер на патот кон ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ вториот ден од работната посета на Париз го започна со средба со вицепремиерката за надворешни политики за ЕУ интеграции и регионална соработка на Црна Гора, Јована Маровиќ, на која разговараа на повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на напредокот на двете земји во реформите и процесот на евроинтеграција.

– Северна Македонија и Црна Гора делуваат европски со иста цел- полноправно членство во ЕУ. Црна Гора е наш важен регионален партнер на патот кон европската интеграција, истакна вицепремиерот Маричиќ.

На средбата Маричиќ и Маровиќ разговараа за европската агенда и регионалната соработка, потврдувајќи дека двете земји посветено работат на трансформација на општеството, градено врз европските вредности и стандарди и дека цврсто чекорат на вистинскиот пат. Маровиќ истакна дека иднината на двете земји е заедничка и иста- полноправно членство во Европската Унија.

Маричиќ на средбата ги потврди одличните билатерални односи кои ги имаме со Црна Гора, кои постојано се развиваат и усовршуваат, а најави и дека соработката на полето на европските интеграции во следниот период ќе се интензивира.

– Од голема корист ќе бидат размената на искуства и добрите практики на Црна Гора во преговарачкиот процес, дополни Маричиќ.

Втор ден вицепремиерот Маричиќ престојува во работна посета на Франција, а во текот на денешниот ден ќе оствари средба и со Изабел Думонт, политичката советничка за Балкан на претседателот Макрон.

Би можело да ве интересира

СЕП: Успешен состанок на работната група за евроинтеграции, договорени активности важни за двете земји

А1он

Маричиќ- Лахдевирта: Проширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија

Ана Ололовска

Димитров го пречека холандскиот премиер Марк Руте

А1он

Владата го задолжи СЕП да ја ажурира „Агенда: Европа дома“ најдоцна до 22 ноември

А1он

Димитров-Матуела: Македонија е подготвена за почеток на пристапните преговори со ЕУ

А1он

Османи: Денот на Европа е важен за целата земја, нешто што претставува наша аспирација од осамостојувањето

А1он