ВИДЕО: Пожари на сите страни

Од:

Огнот кај селото Патетино се шири кон светиниколоските села Раченци и Мечкуевци . Веќе гори сува трева и шума на површина над 30 хектари. Противпожарните единици помогнати од месното население се борат со огнот кој тешко се гасне поради силниот ветер.

Пожарот над селото Разловци кај Делчево е под контрола и неговото ширење е спречено. На територијата на општините Берово, поточно селото Робово и во Пехчевското село Умљење, пожарот е со посилен интензитет. Досега се зафатени 200 хектари со мешана шума бор и смрека.

Од утрово пожарот го гаснат и два авиони и се очекува да биде запрено ширењето на овој оган.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Пожарот на планината Готен од страна на Берово е ставен под контрола

Изгоре продавница во Визбегово, опожарена е и соседната куќа

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

ЦУК: Активни се седум пожари, три се под контрола

Активни се пет пожари, четири се под контрола