Бела куќа: Говорот на Путин на Денот на победата е ревизија на историјата

Од:

Ревизија на историјата, вака го оцени Белата куќа, говорот на рускиот претседател Владимир Путин, за време на парадата на Денот на победата. Се наведува и дека неговата сугестија оти западна агресија довела до војна во Украина, е „очигледно апсурдна“, јавија странски медиуми.

Според портпаролката на Белата куќа, Џенифер Псаки, говорот на Путин е „ревизионистичка историја, што доби форма на дезинформација“.

Русија превентивно се спротистави на агресијата, тоа беше единствената правилна одлука, изјави вчера рускиот претседател.

Тој, во обраќањето на парадата на Црвениот плоштад во Москва, тврдеше дека НАТО ја проширувал воената инфраструктура, оти почнале да работат стотици странски советници и редовно се доставувало најсовременото оружје до членките на Алијансата.

– Опасноста се зголемуваше секој ден. Русија превентивно се спротистави на агресијата – тоа беше присилна, навремена и единствена правилна одлука на суверена, силна и независна земја, изјави Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети