Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон е осуден на една година затвор поради фиктивни работни места на неговата сопруга

Од:

Поранешниот премиер Франсоа Фијон беше осуден во понеделникот, од Апелациониот суд на четири години затвор од кои три условно, 375.000 евра парична казна и десет години забрана да биде избиран во случајот со фиктивните работни места на неговата сопруга Пенелоп Фијон, јави дописникот на МИА..

Во овој случај, кој се појави среде претседателската кампања на десничарскиот кандидат во 2017 година, неговата сопруга беше осудена на двегодишна условна затворска казна и парична казна од 375.000 евра, а неговиот поранешен заменик-пратеник Марк Жоло на три години условна затворска казна. Исто така им беа изречени казни за забрана да бидат избирани од две и пет години. На парот Фијон и поранешниот пратеник конечно им беше наредено да платат околу 800.000 евра на Националното собрание, кое беше граѓанска странка во судењето.

Обвинетите, кои беа отсутни при изрекувањето на одлуката на почетокот на попладневните часови во Апелациониот суд во Париз, имаат можност за жалба на касација. Затворската казна што му беше изречена на Франсоа Фијон може да се коригира: ако не поднесе жалба, ќе биде повикан пред судија за извршување на казната кој може да одлучи, на пример, дали да носи електронска нараквица. Овие пресуди за проневера на јавни средства, соучесништво во злоупотреба на имотот и јавни средства и особено за прикривање на овие две прекршоци се полесни од првостепените изречени на 29 јуни 2020 година.

Апелациониот суд ги ослободи сопружниците на Фијон во врска со првиот од трите спорни договори како парламентарна помошничка на Пенелоп Фијон, помеѓу 1998 и 2002 година, „во полза на сомнежот“. Апелациониот суд, пак, ја потврди вината на обвинетите во врска со договорот меѓу ПенелопеФијон и Марк Жоло меѓу 2002 и 2007 година, како и за договорот меѓу сопружниците во 2012-2013 година. Слично на тоа, договорот на Француско-Велшанката како „книжевен советник“ на „Ревијата на двата света“ се смета за „фиктивен“.

Во прв степен, поранешниот премиер во периодот од 2007 до 2012 година беше осуден на пет години затвор, вклучувајќи две условно, 375.000 евра и десет години забрана за избирање. Неговата сопруга беше осудена на три години условна затворска казна, парична казна од 375.000 евра и две години забрана за избирање, кога и Марк Жоло ја доби истата затворска казна со парична казна од 20.000 евра и пет години забрана за избирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт