Ал Каеда ја презеде одговорноста за серијата напади во Ирак

Од:

Огранокот на Ал Каеда „Исламска држава во Ирак и Леванта“ ја презеде одговорноста за серијата напади, во кои загинаа над 70 лица за време на празникот Ајд ал фитр, со кој се одбележува завршувањето на светиот муслимански месец Рамазан.

Овој огранок на терористичката организација одговорноста за нападите ја презеде во коминике, објавено вчера на неговиот сајт.

– Исламската држава се мобилизира во Багдад, во јужните провинции и други места, за да испрати предупредувачка порака на третиот ден од Ајд ал Фитр и како одговор на операциите на ирчките сили за безбедност, се наведува во коминикето.

– Шиитите нема да знаат што е безбедност ниту во текот на ноќта, ниту во текот на денот, ниту на денот на Ајд ал Фитр, ниту на кој било друг ден, додаде терористичката организација.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак