„Одма на бесилка“, „Козо“, „Овцо“ – јавноста со закани и вулгарности кон Андреа, професорот Калајџиев смета дека сите се јаки патриоти на прсти

Од:

Потегот на евровизиската претставничка Андреа со фрлањето на македонското знаме во Торино наиде на бурни реакции во јавноста. На социјалните мрежи, освен критики, има и навредувачки коментари и клетви. Малкумина имаат разбирање за евровизиската претставничка, која во два наврата се обиде да го оправда чинот со знамето образложувајќи дека немала лоша намера.

Во јавноста се отвори и прашањето дали Андреа со фрлањето на знамето го повреди Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата. За ова, јавен став објави и професорот по право, Гордан Калајџиев. Во согласност со членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, тоа е забрането, односно тие не смее намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се сквернават, да се изложуваат на презир или исмејување.

„Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето; Тоа е сувенир знаменце и не е баш знаме знаме и повеќето го фрлаат по настанот; Добра можност да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината; Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку многу на број, малку за бој“!, напиша Гордан Калајџиев.

Андреа, по видеообраќањето, објави и статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што одново се извинува.

„Сакам на сите уште еднаш со целата почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Ви се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега така и наредните денови“, напиша Андреа.

Жанета Трајкоска од Институт за комуникациски студии на својот профил на социјалните мрежи даде свое мислење за настанот.


Во коментар се бара и бесење на евровизиската претставничка.

„Коза“, „Овца“, Кокошка“, „Дебилка“ – се само дел од коментарите со кои се осудуваше потегот на Андреа.

Врие и на социјалните мрежи. Твитерџиите, меѓу другото, прашуваат: „Држава ли е? Буниште ли е?“

На социјалните мрежи се коментираа и претходните евровизиски претставници, меѓу кои беа Тамара Тодевска, која при изведба на македонската химна дел од неа скрати, потоа Васил Гарванлиев, кој во интервју за евровизиски портал се изјасни како Бугарин.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија