Силен пожар продолжува да беснее во близина на неколку населени места крај древна Олимпија, пренесе радио Атина.
Опасно нараснал и пожарот на островот Андрос заради ветрот во Егејско море. Пожарот пеплоса ниска вегетација, но и му се заканува на едно село, чии жители се евакуирани.
Пожарникарите вложуваат напори да го спречат огнот да стигне до куќите. Грчката Цивилна заштита повторно предупредува на зголемената опасност од пожари, што се честа појава во земјата во текот на жешкото и суво лето.
Многу од пожарите избувнаа заоради небрежност, но некои се и подметнати.