Гутереш ужаснат од бомбашкиот напад на украинско училиште

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „ужаснат“ од бомбардирањето на училиште во источна Украина во кое настрадале 60 луѓе, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, и побара цивилите да бидат поштедени, изјави неговиот портпарол.

„Генералниот секретар е ужаснат од нападот на училиштето во Билогоривка во Украина, на 7 мај, каде што многу луѓе се чини дека побарале засолниште од тековните борби“, рече портпаролот на генералниот секретар Стефан Дизарик во соопштение.

Гутереш повтори дека цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војната, додавајќи дека нападот повторно потсетува дека во „оваа војна, како и во многу други конфликти, цивилите ја плаќаат највисоката цена“.

– По бомбашкиот напад на училиште во селото Билогоривка во областа Луганск во источна Украина во саботата, како исчезнати се водат 60 лица кои се засолниле таму, изјави вчера регионалниот гувернер Сергеј Гајдај.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека во тоа училиште настрадале 60 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски