Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, информира Министерството за здравство.
– Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава, соопшти МЗ.
Од Министерството упатуваат благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада ќерка „чија храброст, хуманост и добрина донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти“.