Пахор ја закажа конститутивната седница на новиот словенечки Парламент

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор за во петок ја закажа конститутивната седница на Националното собрание, откако го доби извештајот за официјалните резултати од општите избори на 24 април.

Најголема пратеничка група во новото собрание ќе биде Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое освои 34,45 отсто од гласовите и со тоа 41 место во 90-члениот парламент, во кој има и двајца пратеници од малцинствата.

Словенечката демократска партија (СДС) на премиерот во заминување Јанез Јанша освои 23,48 отсто од гласовите или 27 места, а нејзиниот сегашен коалициски партнер Нова Словенија (НСи) 6,86 отсто од гласовите или осум места.

Социјалдемократите (СД) на Тања Фајон собраа 6,69 отсто од гласовите, што е доволно за седум пратенички места, а Левица обезбеди пет пратенички места со 4,46 отсто.

Новото собрание ќе го сочинуваат 36 жени и 54 мажи, а околу една третина од пратениците се реизбрани, јави СТА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг