СДСМ: Мицкоски промовира наши проекти, неговите градоначалници 6 месеци не работат ништо

Од:

„Христијан Мицкоски промовира проекти на СДСМ затоа што неговите градоначалници 6 месеци не сработеа ништо, така беше и вчера во Охрид кога заедно со градоначалникот Кирил Пецаков промовираа проект на СДСМ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнети изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект“, соопшти СДСМ.

„Неработата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е најприсутна во градот Скопје. Градоначалничката Арсовска шест месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови и зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Затоа Мицкоски се заканува со некаква радикализација и блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза.

Мицкоски многу добро знае дека рејтингот на партијата вртоглаво паѓа и дека го очекува пораз на редовните парламентарни избори..

СДСМ има план како да ги надмине сите блокади на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он