Зеленски: Русија уништи приближно 200 места на украинското културно наследство

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА.

-До 7 мај руската армија уништи или оштети речиси 200 места на културно наследство, рече Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата од Киев.

Меѓу нив е и музејот на украинскиот поет и филозоф Хрихориј Сковорода во регионот Харков, кој беше погоден со проектил претходната ноќ, рече Зеленски.

Сковорода живеел од 1722-1794 година.

-За жал, злото има тенденција да се враќа кога луѓето н е ги почитуваат правата на другите луѓе, го игнорираат законот и ја уништуваат културата, рече Зеленски.

„Токму ова и се случи на руската држава. Затоа сега сите мораме да се браниме. Да ги браниме нашите луѓе, нашите градови, па дури и нашите музеи, кои стануваат мети за руски ракетни напади“, додаде украинскиот претседател во видео обраќањето.“

Денеска и утре во светот ќе се одбележува победата над нацистите во Втората светска војна, истакна тој.

-Но, дејствијата на Русија треба да ја „потсетат секоја држава и секој народ дека е невозможно да се победи злото еднаш засекогаш“, посочи Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски