Томас-Гринфилд: Русија останува постојана членка на Советот за безбедност на ОН

Од:

Вашингтон во моментов не очекува Русија да го загуби статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, но ќе продолжи со напорите да ја изолира Москва, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд, во интервју за PBS.

„Многу сум свесна и сочувствувам со ставот на претседателот на Украина дека Советот за безбедност реагираше бавно, но ние преземаме доста агресивни акции против Русите откако сето ова почна и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Томас Гринфилд.

Таа изјави и дека ги разбира барањата на Украина за преиспитување на постојаното место на Русија во Советот за безбедност, но дека „во моментов не гледа дека тоа ќе се смени“.

Амбасадорката додаде дека Русија претходно се заканувала дека ќе користи нуклеарно оружје и дека лажно ги обвинила САД и Украина за употреба на хемиско оружје и дека го користела во Сирија, јави Тасс.

Руската амбасада во САД претходно соопшти дека обвинувањата на Вашингтон дека Русија ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје се неосновани, а портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, ја обвини украинската Служба за безбедност дека планира да користи токсични материи против цивили со поддршка на западните земји, за подоцна да ја обвинат Русија за тоа, пренесе Тасс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

ФСБ уапси државјанин на Руската Федерација под сомнение за предавство