Саеб Ерекат: Ширењето на еврејските населби ги нарушува преговорите

Од:

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат денеска изјави оти новото ширење на еврејските населби има за цел да ја наруши втората рунда мировни преговори, кои се закажани на 14 август.

Тој изрази оптимизам дека преговорите ќе продолжат, но предупреди на палестинското трпение.

– Тие кои работаат за нарушување на мировниот процес се одлучни да ги принудат луѓето како нас да ја напуштат преговарачката маса. Ако израелската Влада верува дека секоја недела ќе ја преминува црвената линија со такви активности, тогаш рекламира неодржливост на преговорите, посочи Ерекат.

Израелскиот министер за домување Ури Ариел денеска издаде конечно одобрение за изградба на околу 1.200 станови во еврејските населби во окупираниот Западен Брег.

Ариел посочи дека ќе се гради во Западниот Брег, но и во источен Ерусалим, на териториите што Израел ги освои во шестдневната војна во 1967 година. Источен Ерусалим подоцна е анектиран, а меѓународната заедница никогаш не го призна.

Палестинците сакаат да формираат независна држва на тие територии, при што ќе биде опфатена и Појас Газа.

– Во источен Ерсуалми ќе се изградат речиси 800 станови и приближно 400 во неколку еврејски населби во Западниот Брег, посочи Ариел.

Израелско-палестинските преговори беа обновени кон крајот на јули во Вашингтон. Тие беа прекинати во септември 2010 година поради ширењето на еврејските населби.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина