Трамп планирал да ги уништи нарко-картелите во Мексико со ракетни напади

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил заинтересиран за можноста од прецизни ракетни напади врз лабораториите за дрога во Мексико, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извадоци од се уште необјавените мемоари на поранешниот американски министер за одбрана Марк Еспер.

Според поранешниот шеф на Пентагон, Трамп сакал да знае дали е можно да се погодат лаборатории за дрога во Мексико и на тој начин да се уништат картелите.

– Тие немаат контрола над својата земја. Можеме да лансираме неколку ракети „Патриот“ и тивко да ги уништиме лабораториите… никој нема да знае дека тоа сме ние, се сеќава Еспер на зборовите на поранешниот американски претседател.

Во ноември 2020 година, по општите избори, Трамп го принуди Еспер да поднесе оставка. Тој претходно го критикуваше, вклучително и за забраната за истакнување знамиња и транспаренти на Конфедерацијата во воени објект

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он