Мицотакис соопшти дополнителни мерки за справување со покачувањата на цената на струјата

Од:

Покривање на 50 отсто на зголемувањето на струјата за потрошувачка над 300 киловат часови за мај и јуни; вонреден надомест до 600 евра за граѓаните со годишен приход до 45.000 евра, за дополнителни направени трошоци, ретроактивно од декември до мај; одвојување на меѓународните покачувања на природниот гас од сметките за струја, односно индиректен плафон на цените на природниот гас, се дел од мерките што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во телевизиската порака до граѓаните, Мицотакис ја претстави новата национална програма на грчката Влада за справување со покачувањата на цените на електричната енергија и рече дека за енергетската криза предизвикана од војната во Украина, потребно е европско решение, но „Европа, барем засега не е на ниво на задачата и за жал решението доцни“.

-Грција продолжува да бара решение, но во меѓувреме не е неактивна. Нема да чека. Затоа што прво јас чувствувам дека тешкотиите на нашите бизниси и домаќинства не можат да чекаат повеќе. Со моја одлука, започнува нова Национална програма за поддршка, со цврста ориентација кон најслабите. Но, овој пат и со мерки за значително олеснување за средната класа, рече Мицотакис.

Објасни дека новата програма е во четири области, ќе апсорбира 70 до 80 отсто од поскапувањето за киловат час за домаќинствата, бизнисите и земјоделците.

Рече дека со евентуален договор за европски средства ќе се намали товарот на државниот буџет, но истакна дека нема да чека „бавниот европски прекуокеански борд да го промени курсот“.

-Сепак, ќе бидам искрен сè додека трае војната, ниту една национална поддршка нема да може да ги апсорбира сите зголемувања и да ги задржи цените на енергијата на нивото што беа пред кризата. Секој што тврди дека може да го стори тоа, ве лаже, рече Мицотакис.

Утре, надлежните министри детално ќе ги објаснат мерките што вечерва ги соопшти грчкиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос