Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење, го смени своето име во „Препород“, „народна партија чија задача е да биде отворена за граѓаните и пратениците од каде и да доаѓаат“, изјави денеска нејзиниот генерален секретар Станислас Гуерини.
-Ние пристапивме кон радикалната реформа на Републиката во движење за да можеме да продолжиме да го шириме ова политичко движење, кое беше основано пред нешто повеќе од шест години од претседателот Емануел Макрон и кое ќе се нарекува „Преродба“, рече Гуерини.
Тој ова го кажа на прес-конференција во Париз, на која присуствуваа поранешниот премиер Едуар Филип (партија Хоризонти), претседателот на националното собрание Ричард Феран (ЛРЕМ) и поранешниот министер Франсоа Бајру (Партија Модем).
Сите овие партии го најавија сојузот наречен „Заедно“ во кој се приклучуваат во пресрет на парламентарните избори на 12 и 19 јуни.
Емануел Макрон победи на претседателските избори на 24 април со 58,55 отсто од гласовите, но неговата битка со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен (41,45 отсто) ја покажа длабоката поделеност во земјата.
Извор: МИА