Шпанската тајна служба призна дека ги следела телефоните на каталонските сепаратисти

Од:

Шпанската разузнавачка агенција ЦНИ призна дека ги следела телефоните на 18 каталонски сепаратисти, вклучително и регионалниот претседател Пере Арагонес, користејќи го израелскиот софтвер Пегазус.

За секој од случаите, директорката на ЦНИ, Паз Естебан денеска на парламентарната комисија покажа судско овластување, информира весникот Ел Паис.

Аферата, која беше наречена „Каталангејт“, ја загрозува стабилноста на малцинската влада на премиерот Педро Санчез, коментира ДПА.

Левичарската каталонска партија ЕРЦ ја доведе во прашање нејзината поддршка за владата на Санчез поради аферата и повика на истрага.

Неодамна беше објавено дека Пегазус бил пронајден и во мобилните телефони на Санчез, министерката за одбрана Маргарита Роблес и министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Естебан не даде никакви информации во врска со ова.

Шпанските медиуми шпекулираат дека зад оваа акција би можело да стои Мароко.

Според владата во Мадрид, од телефонот на Санчез биле украдени околу 3,6 гигабајти податоци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата