Земјите-членки на ЕУ добија насоки за делумна суспензија на безвизниот режим со Русија

Од:

Европската Комисија им поднесе насоки на земјите-членки на ЕУ како да ги имплементираат одлуките за делумна суспензија на безвизно патување на одредени руски граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е дел од рестриктивните мерки на ЕУ против војната на Русија во Украина.

Делумната суспензија на безвизниот режим се однесува на одредена категорија руски граѓани само, како членови на Vладата, блиски до режимот, членови на локални власти и на судови, дипломати и бизнисмени.

Како што објаснува Европската Комисија лицата засегнати од оваа суспензија нема да имаат повеќе привилегиран пристап до ЕУ, ќе треба да ги поднесат бараните документи и да ја платат полната цена за виза од 80 евра без исклучок. Комисијата тврди дека ова нема да ги засегне обичните граѓани на Русија, за нив продолжуваат да важат одредбите од договорите за олеснето патување во ЕУ. Но, обичните руски граѓани се соочени со речиси целосно отсуство на достапни летови за ЕУ.

Насоките објавени денеска имаат за цел да им ја олеснат работата на конзуларните претставништва на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради