(ВИДЕО) Конашенков: Во текот на ноќта уништени повеќе украински цели, убиени 600 војници

Од:

Артилерија на руските вооружени сили во текот на ноќта уништи 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој истакна дека во ноќната операција убиени се и 600 „националисти“, како што ги нарекува украинските војници.

Министерството за одбрана на Русија, исто така, соопшти дека нивни проектили уништиле авионска опрема на аеродромот Канатово во централниот украински регион Кировохрад и големо складиште за муниција во јужниот град Миколаев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски