Тешка автобуска несреќа во Франција

Од:

Минатата ноќ во близината на Фиту на југот од Франција се случи тешка автобуска несреќа во која животот го загубија две лица и трисетина се повредни, од кои три потешко, јавува дописникот на МИА од Париз.

Несреќата се случила околу 1 часот и 30 минути по полноќ, кога возачот на автобусот на компанијата Еуролајнс кој сообраќал на релацијата Марсеј- Мурсија (Шпанија) ја загубил контролата врз воланот и излетал од патот.

Во автобусот имало 44 лица од кои тројца возачи. Возачот кој управувал со автобусот е со негативен контролен тест за алкохол и изјавил дека ниту еден друг автомобил не бил вмешан во несреќата.

Возачот во првите изјави на истражните органи им рекол дека еден од патниците ја предизвикал несреќата, откако побарал автобусот да запре, по што го удрил управувачот. Но, други патници од автобусот ја оспориле оваа верзија на настанот.

Засега не се дадени официјални причини за несреќата. Загинатите патници се еден француски и државјанин и една шпанска државјанка.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата