Зеленски и Нафтали Бенет разговарале за „скандалозните и неприфатливи“ изјави на Лавров за антисемитизмот

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет за „скандалозните“ изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер имал еврејска крв.

Зеленски на Твитер напиша дека на Бенет му го честитал Денот на независноста на Израел, го информирал за текот на борбата против Русија, како и за критичната ситуација во Мариупол.

Подоцна, во вечерното обраќање, тој наведе дека со Бенет разговарале и за „скандалозните и целосно неприфатливи изјави“ на Лавров.

Русија постојано повторува дека со „специјалната воена операција“, како што ја нарекува инвазијата на Украина, сака „денацификација“ на Украина, почнувајќи од нејзиното раководство. Но, честопати е потенцирано дека Зеленски и самиот е Евреин. Запрашан за ова претходно, рускиот министер за надворешни работи рече: Па, кога ќе речат: „Како може да постои нацификација ако сме Евреи?“ Според мене, Хитлер исто така имал еврејско потекло, така што тоа не значи апсолутно ништо. Веќе некое време слушаме од еврејскиот народ дека најголемите антисемити биле Евреи“.

Западните лидери ја осудија изјавата како невистинита и апсурдна.

Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Шефот на дипломатијата на земјата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се убивале сами себе во Холокаустот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски

Орбан бара Европската унија директно да преговара со Русија

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Зеленски: На Украина не и треба привремен прекин на огнот, туку крај на војната

А1он

Песков: Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на Зеленски да преговара за мир