Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) ЗА Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека континентот се наоѓа во важен момент во борбата против проблемите со менталното здравје во текот на пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина.
– Нашиот регион минува низ далекусежни државни удари и промени. Пандемијата стави фокус на менталното здравје, додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе. Десет недели војна во Украина доведоа до огромна несигурност, тага и загуби, истакна Клуге.
Клуге го претстави првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, што ќе поттикне акција на сите нивоа за решавање на занемарените ментални потреби низ Европа.
Коалицијата беше лансирана во септември 2021 година и ја сочинуваат 53 земји-членки на СЗО Европа, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе погодени од проблеми со менталното здравје.
Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во регионот живееле со ментални здравствени проблеми во 2021 година. Само еден човек од тројца со депресија моментално добиваат потребната помош.
Извор: МИА