СБ: Западен Балкан силно ќе ги почувствува последиците од војната во Украина

Од:

Земјите од Западен Балкан силно ќе ги почувствуваат ефектите од кризата предизвикана од руската агресија врз Украина и може да очекуваат повеќе од преполовен економски раст оваа година во споредба со 2021 година, се наведува во новата анализа на Светската банка (СБ).

Според аналитичарите на Светска банка, растот на бруто домашниот производ (БДП) во земјите од Западен Балкан од БиХ до Албанија во 2021 година достигна стапка од 7,4 отсто, што е голем пораст во споредба со пандемијата во 2020 година, кога БДП порасна на стапка од 3,2 проценти. Минатата година стапката на вработеност во Западен Балкан исто така се искачи на највисокото историско ниво, достигнувајќи 45,8 отсто.

Главниот двигател на растот беше исклучително силно закрепнување на трошоците, потпомогнато од фискалниот стимул, ослободувањето на потисната побарувачка и олеснувањето на ограничувањата за движење и патување. Сето ова сега е доведено во прашање поради последиците што ги предизвика руската агресија врз Украина.

Според сегашните проекции на аналитичарите на Светска банка, стапката на раст на Западен Балкан во 2022 година ќе изнесува 3,1 отсто.

Ескалацијата на конфликтот или долготрајната војна во Украина може дополнително да ја искомплицира светската трговија и да доведе до пораст на цените на енергијата и на храната. Може да настанат ризици од рефинансирање доколку продолжи трендот на неповолни услови на странските финансиски пазари.

Одржливоста на јавниот долг може да стане причина за загриженост доколку и онака ограничениот фискален простор дополнително се стесне за да одговори на повисоките цени на енергијата и на храната, истовремено зголемувајќи ги трошоците за рефинансирање.

– Западен Балкан сега се соочува со нови предизвици, влошени од војната во Украина, вклучително и зголемување на цените, енергијата и храната, високата инфлација и зголемената трговија и инвестициите, истакна регионалната директорка на СБ, Линда Ван Гелдер.

Таа предупреди дека владите во регионот сега се соочуваат со предизвикот да смислат одговорна политика која ќе обезбеди излез од кризата и ќе ги заштити достигнувањата во 2021 година, особено важни за зачувување на постигнатите резултати во однос на намалувањето на сиромаштијата.

Светска банка заклучи дека не може да има одржлив раст на Западен Балкан без структурни реформи насочени кон зголемување на продуктивноста, зајакнување на конкурентноста, инвестирање во човечки капитал и подобрување на управувањето.

Во сегашното неизвесно опкружување, растот би бил поттикнат од мерки за намалување на регулаторните трошоци за економијата, зголемување на пазарната конкуренција, поддршка на учеството на сите граѓани на пазарот на трудот и зајакнување на независноста на јавните институции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ