Волстрит Џурнал: Шефот на ЦИА во април се сретнал со саудискиот престолонаследник во обид да ги поправи меѓусебните односи

Од:

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во средината на април отпатувал во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман, која не беше објавена во јавноста, открива Волстрит Џурнал.

Не се познати деталите од средбата и темите кои се покренати на неа. „Разговорот беше добар, тонот беше подобар од претходните контакти на американската влада“, вели изворот на водечкото деловно издание. Според него, тоа можело да се случи поради неуспесите на Русија во Украина

Според Волстрит Џурнал, односите меѓу Вашингтон и Ријад во моментов се на најниско ниво во последните децении, а високи извори од двете влади велат дека политичките разлики меѓу САД и Саудиска Арабија се прошируваат откако Русија ја започна војната против Украина. Целта на посетата на Барнс била да се обноват контактите меѓу двете земји, наведува весникот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел