150 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 44 за непрописно паркирање…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава