Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари

Од:

На Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал.

– Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо, рече Зеленски.

Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска клима за странските компании. – Ќе добиете пристап до нашата земја, до нашиот пазар од над 40 милиони, рече украинскиот претседател.

Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата и инфраструктурата на долг рок.

Претходно, украинските власти изјавија дека странските средства на Банката на Русија, замрзнати како резултат на санкциите, може да се искористат за обнова на земјата. Украинското Министерство за економија ја процени нивната сума на 415 милијарди долари и побара од западните партнери да развијат механизам за конфискација на овие пари во корист на Киев. Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Западот замрзнал околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари резерви на Централната банка во странство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски