Бајден во посета на фабриката за производство на Џавелин ракетите што ги добива Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска е во посета на фабриката на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) во Троја, Алабама, каде се произведуваат такви вооружени системи како противтенковските ракети Џавелин (Javelin), ефективно користени од Украина за заштита од руската инвазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Фабриката што ќе ја посети Бајден произвела повеќе од 50 илјади Џавелин ракети во изминатите 20 години. Во неа работат околу 600 луѓе.

Претседателот Бајден ќе одржи говор околу безбедносната помош за Украина и уште еднаш ќе го истакне барањето до Конгресот за брзо доделување финансии за помош на Украина, велат од Белата куќа.

– Претседателот ќе ја истакне улогата што ја имаат мажите и жените кои работат во фабриката во Алабама во борбата во Украина, додаваат од Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел